Нашите репрезентативни кадети ќе имаат уште една шанса да се пласираат во дивизија А во натпревар за трето место на Европското првенство, дивизија Б кое се одигрува во Сараево.

 

Во полуфинален натпревар против домаќинот Босна и Херцеговина, нашите репрезентативци до 16 години запишаа пораз од 76-95 и утре ќе разигруваат за третото место во дивизија Б. Доколку остварат триумф против селекцијата на Чешка (почеток 18:30, сабота 18. август) , ќе се пласират во првата дивизија.

- Одигравме рамноправно прво полувреме, ама очигледно не стигна заморот и тоа придонесе за голем број на технички грешки и статичен напад. 
Им честитам на момците за пожртвуваната игра, знам дека дадоа се од себе. 
Утре ја имаме втората шанса која се надевам дека ќе ја искористиме. - истакна селекторот Јованчев.