Она за кое момците работеа напорно две години наназад во рамки на проектот "заедно до м16" конечно доби и официјално признание - кадетите се пласираа во А дивизија!

 

Напите репрезентативци до 16 години, предводени од селекторот Александар Јованчев, го освоија третото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, дивизија Б со што се пласираа во дивизија А. Со резултат од 84-66 совладана беше соодветната репрезентација на Чешка.

 

- Ова е неверојатно, ова е тоа за што работевме две ипол години. Им честитам пред се на играчите и на стручниот штаб, им благодарам на сите што не бодреа , му благодарам на координаторот и на Македонската Кошаркарска Федерација што веруваа во мене и покажаа доберба дека можам да бидам на чело на овој проект! 
РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈА - еуфорично истакна селекторот Јованчев.

 

Македонската кошаркарска федерација им го честита успехот на сите инволвирани во овој проект и во репрезентацијата.