Двегодишната напорна работа како колектив донесе резултат. Нашите репрезентативци до 16 години го освоија третото место на Европското првенство дивизија Б и со тоа се пласираа во дивизија А.

 

Раководството на Македонската кошаркарска федерација утре (понеделник, 20. август) со почеток во 10:00 часот ќе одржи прием во просториите на МКФ на кошаркарите како и стручниот штаб заслужни за овој успех.