Комисијата за итност при Македонската кошаркарска федерација на денешниот состанок одржан во просториите на МКФ донесе одлука за бројот на екипи-учеснички во Првата односно услови за влез во Првата лига во машка сениорска конкуренција за идната сезона (2019/2020).

По непријавувањето на екипата на КК Водњански Лисици и некомплетната документација на КК Шкупи (уплата за котизација), Комисијата донесе одлука да за натпреварувачката сезона 2018/2019 Првата лига мажи брои десет екипи.

Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи.

Се донесе и одлука за намалување на висината на казната за техничките грешки, но и воведување на казна во форма на суспензија на играч или тренер со одреден број на натпревари.