Претстојната натпреварувачка сезона 2018/2019 втората и третата лига во машка сениорска конкуренција ќе се натпреваруваат во една лига поделена во два региона – исток и запад.

Вкупно дваесет и пет екипи го пријавија своето учество во оваа лига што е рекорден број на учесници во овој ранг на натпреварување.

Покрај веќе постоечките клубови кои учествуваа минатата сезона во натпреварувањата на МКФ оваа сезона 2018/2019 пријавени се стари клубови кои се реактивираа како и клубови кои премиерно ќе бидат вклучени во системите за натпреварување.

Втората лига за претстојната натпреварувачка сезона ќе биде поделена на исток и на запад. Во лигата исток ќе се натпреваруваат13 екипи, во запад една помалку.

Првото коло ќе биде одиграно претстојниот викенд, а ждребот посака да слободна екипа во ова коло биде единствено екипата на Академија ФМП од лига исток.

Три натпревара в сабота, два в недела и еден в понеделник ќе се одиграат во рамки на лигата исток додека во лигата запад само два натпревара ќе се одиграат в сабота, останатите четири ден подоцна в недела.

ТЕРМИНИ 1. КОЛО ВТОРА ЛИГА ИСТОК

ТЕРМИНИ 1. КОЛО ВТОРА ЛИГА ЗАПАД

 

 

Целосните распореди на двете лиги можат да се погледнат на следните линкови: ИСТОК  -  ЗАПАД.

Македонската кошаркарска федерација им посакува успешна натпреварувачка сезона и фер-плеј игра на сите учесници!