Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, заедно со Градоначалникот на Гевгелија, Господинот Сашко Поцков ја официјализираа соработката помеѓу двете страни која ќе резултира со одигрување на натпреварот од претквалификациите за Евробаскет 2021 на сениорите против Косово, закажан за 2 декември, недела со почеток во 20часот и 15 минути.

Градот Гевгелија, конкретно спортската сала „26 април“ ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација која ќе се обиде да запише трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на Градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака како и за условите на одигрување на натпреварот - од комплексот хотели до спортската сала. Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме 2. декември.