Се распишува конкурс за избор на селектори во возрасните категории М16 и М18 во женска конкуренција.

Рок за поднесување на пријави - 7. декември (петок)!

Кандидатите кои ќе аплицираат за селектори на селекциите до 16 и до 18 години треба ги исполнуваат следните критериуми:

-  Да ги исполнува условите за добивање на тренерска лиценца
-  Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Втора лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер на младински екипи кои се натпреваруваат во натпреварувањата организирани од МКФ, потврда од клуб.
- да е член на ЗКТМ