Уште една календарска година полека, но сигурно заминува во историјата. Голем број на натпревари беа одиграни на терените ширум Републиката во рамки на домашното првенство, натпреварите од Купот како и натпревари од репрезентативни размери.

Македонската кошаркарска федерација и оваа година ќе им додели признанија на најдобрите во кошарката, а за таа цел потребна е помош од сите кошаркарски работници!

Се замолуваат сите кошаркарски работници, играчи – активни и ветерани, тренери, судии, делегати како и претставниците на медиумите да го дадат својот глас на кошаркарите, кошаркарките, судиите и тренерите за кои сметаат дека го заслужуваат епитетот најдобри за 2018 година.

Исполнетата ФОРМА ЗА БОДУВАЊЕ да се испрати до office@basketball.org.mk не подоцна од 16. декември.