За крајот на календарската година уште еден мотивирачки финансиски стимул за клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција, преку Агенцијата за млади и спорт - дополнителни 500.000 денари кои Македонската кошаркарска федерација рамномерно им ги распредели на сите единаесет клубови.

Раководството на Македонската кошаркарска федерација на крајот на минатата сезона успеа да обезбеди средства за да клубовите кои имаат пријавено екипа во барем две младински лиги не плаќаат котизација за учество, а покриени се и трошоците за исплата на таксите за официјалните лица на натпреварите.

Македонската кошаркарска федерација се надева дека мерките кои се преземаа досега, а секако уште повеќе се планирани во непосредна иднина, ќе придонесат за развој на женската кошарка и женскиот спорт воопшто.