Репрезентацијата до 16 години во женска конкуренција ќе одржи неколку тренинзи во периодот што следи како старт на неофицијални подготовки за Европското првенство (дивизија Б) што оваа година ќе се одигра во соседна Бугарија.

Селекторот на оваа возрасна категорија, Виолета Здравковиќ, заедно со членовите на стручниот штаб ќе ги селектира девојките за кадетската репрезентација претстојната сабота (12. јануари) со почеток во 13:00 часот во спортската сала при ОУ „Невена Георгиева - Дуња“ во скопската општина Кисела Вода.

Се замолуваат сите кошаркарски клубови да испратат не повеќе од три кошаркарки, родени 2003 година и помлади, за кои сметаат дека заслужуваат да бидат дел од националната селекција. Кошаркарките кои ќе бидат селектирани ќе продолжат со тренинзи в Скопје до 18. јануари (петок)