Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Осумте најдобри тимови кои се натпреваруваат во машка сениорска конкуренција и четирите најдобри во женска сениорска конкуренција низ три односно два дена натпреварување ќе го одредат шампионот во соодветната конкуренција.

Прес-конференцијата, на која збор ќе земат тренерите и капитените на екипите, ќе се одржи во Гевгелија, претстојниот понеделник (11 февруари) со почеток во 12:30 во комплексот НЕГОРСКИ БАЊИ.

МКФ ќе организира и превоз на претставниците на медиумите.