Градот Гевгелија, полека но сигурно, го добива епитетот кошаркарски град. По феноменално организиран 3х3 турнир и натпревар во рамки на претквалификациите за ЕП2021, градот во јужниот дел од нашата република ќе биде домаќин на завршниот турнир од Куп натпреварувањето.

Осум екипи во машка сениорска конкуренција и четири во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат во три односно два натпреварувачки дена за да го одлучат најдобриот. 

Билетите од утрешниот ден ќе бидат пуштени во продажба во Гевгелијам на билетарата на спортската сала „26ц април“, по цена од 200 (четвртфинале блок билет) и по 100 денари за блок билет за полуфиналните натпревари односно финалните.

Првите два четвртфинални дуели ќе бидат пренесувани в живо на МОК ТВ (YouTube stream), како и полуфиналните натпревари во женска кокуренција. Четвртфиналните дуели кои ќе се одиграат во 17:30 односно во 20:00 часот како и полуфиналињата во машка конкуренција, и двата финални натпревари ќе бидат пренесувани во живо на МРТ. Во женска конкуренција, полуфиналните натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Негорски Бањи“, а влезот ќе биде бесплатен.