Репрезентација во машка јуниорска конкуренција (до 18 години) на почетокот на месец април ќе земе учество на меѓународен пријателски турнир во Босна и Херцеговина каде покрај домаќинот и организаторот на овој турнир ќе настапат и соодветната репрезентација на Црна Гора како и Кантона Сараево.

Селекторот Михаил Наумовски излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во периодот на подготовки пред турнирот.

Повиканите кошаркари треба да се појават на првата прозивка закажана за 29. март (петок) со почеток во 21:00 часот во малата сала на Кале.

Виктор Ташовски – Вардар
Адриан Наумоски – Вардар
Марко Величковски – Вардар
Дарио Митевски – МЗТ С.А.
Љубиша Димитровски – МЗТ С.А.
Виктор Исајлоски – МЗТ С.А.
Лејсон Зекири – Партизан Мулти Шпед
Никола Кацарски – Феникс 2010
Борјан Божиновски – Феникс 2010
Андреј Андоновски - Феникс 2010
Кирче Киревски – Куманово
Јован Цветков - Куманово
Дамјан Бошковски – Работнички
Тодор Златев – Фени Индустри
Гоце Петрушевски – Сан Северо (Италија)
Андреј Јакимовски – ПМС Баскет (Италија)
Марко Миловановиќ – Оксиген Баскет (Италија)