Билетите за претстојните натпревари од завршниот турнир на Лимак Купот на РМ ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16. Февруари) на пладне. Продажбата ќе се врши во „Југотон“ и „Тобако 2“ во Скопје, туристичката агенција „Атлантик Турс“ во Кавадарци, како и на билетарата во салата „Јасмин“ секој ден од 11.00 до 21.30 часот. Билетите се нумерирани и важат за само еден натпревар.

За четвртфиналните и полуфиналните натпревари ќе чинат по 50 денари додека за двата финални натпревари цената на билетот ќе изнесува по 100 денари. Продажба преку интернет нема да се врши.

Посетителите на располагање ќе имаат два паркинг простори околу спортската сала, западно и јужно од градскиот базен. Вратите се отвораат 30 минути пред почетокот на секој натпревар, а салата се празни по завршувањето.