Блокотехна - АВ Охрид 115-68

ИЗЈАВИ ПО НАТПРЕВАРОТ
Петар Чочороски, тренер АВ Охрид
Колку и да се подготвувавме се виде дека фаворитот си е фаворит и дека си ја оправда таа улога. Сега за нас следи најчесно да си го одиграме Плејаутот.

Оливер Тасков, играч АВ Охрид
Знаевме дека Блокотехна е силен противник. Само што ја освоија балканската лига. Ние ја чекавме нашата шанса, но натпреварот заврши во нивна корист. Им посакувам се најдобро понатаму во Купот.

Марјан Илиевски, тренер Блокотехна
Иако заврши со голема разлика овој натпревар, ние се подготвувавме како и за секој натпревар не потценувајќи го противникот. Испадна да имаме краток период од последниот одигран натпревар и немавме доволно време за одмор на играчите со поголема минутажа. Следува полуфинале, играме или со Гостивар или со Фени Индустри - избор на противник немам, за тој што ќе победи вечер ќе се подготвуваме.

Стеван Глигоријевиќ, играч Блокотехна
Секоја победа е важна на ваков тип на натпреварување, а нас ни е мило што уште на стартот победивме со голема разлика. Ќе влијае дефинитивно на атмосферата во тимот пред полуфиналето ое ќе го играме утре со Гостивар или со Фени Индустри.