МЗТ Скопје - Аеродром - Кожув 89-62

 

Ѓорѓи Кочов, тренер МЗТ С.А.
Им честитам на моите играчи за прикажаното на терен, одигравме навистина еден пеколен натпревар, во период кога ние одигравме сигурно некои 15 натпревари за еден месец. И покрај тој пеколен ритам играчите покажаа карактер и го изиграа она што се договоривме. Ова сега мора да го заборавиме и да собереме сили. Утре играме со Работнички во полуфиналето, кој е еден од најквалитетните тимови. Наше е да дадеме максимум па ќе видиме што ќе се случи.


Андрија Бојиќ, играч МЗТ С.А.
Феноменално влеговме во натпреварот, полни со енергија и се надевам дека и утре ќе биде вака. Не чека тежок натпревар против нашиот ривал Работнички, но секако очекувам победа.
 

Александар Јончевски, тренер Кожув
МЗТ беше дефинитивно фаворит, одигравме натпревар пред некој ден против нив. Го искористија фактот што се одлично покриени на секоја позиција, особено во играта под кошевите. Ние имавме проблем со ростерот, со повредени играчи како Игор Кесар со кого ни се основаше играта во последниот период. Се забележа отсуството на неговото искуство на теренот. За жал не успеавме да го повториме оној натпревар од пред месец дена. Се обидовме на неколку начини да се вратиме, лошо отворивме и не успеавме. Им честитам на момците од МЗТ за победата.