Кошаркарите на Блокотехна отворија нова страница во клупската историја откако обезбедија пласман во финалето од државниот Куп. Избраниците на Марјан Илиевски одиграа возбудлив натпревар против кошаркарите на Гостивар и беа во резултатска негатива речиси целиот натпревар. Во вториот дел од натпреварот ја зацврстија играта, го искористија падот на концентрацијата на противникот и славеа со конечни 92-87.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.