Блокотехна - Гостивар 92-87

Марјан Илиевски, тренер Блокотехна
Пред се сакам да им честитам на моите играчи. После две четвртини откако противничката екипа имаше баш шутерско шоу, 17-9 за три поени, ние успеавме да го надминеме тоа како психолошки момент, да се вратиме во трета четвртина и да покажеме карактер и практично да го оставиме срцето на терен и овој полуфинален натпревар да го завршиме позитивно. Би одвоил еден сегмент од играта, а тоа е што морам да го издвојам Војче Лефкоски кој два месеца беше отсутен од терените и со еден тренинг денес беше клучен фактор кој без проблем го фати натпреарувачкиот ритам.

Војче Лефкоски, играч Блокотехна
Мило ми е што по долга пауза можев да му помогнам на мојот тим и тоа на важен натпревар. Мислам дека го започнавме натпреварот во некаков си грч поради поразот од пред неколку дена, но на полувремето успеавме да се ’собереме’ и да се одмаздиме на некој начин. Се надевам дека и утрешниот финален меч ќе биде возбудлив како и овој денес.