Досега историјата на Македонската кошарка забележала петнаесет различни освојувачи на Купот - МЗТ Скопје Аеродром (лански освојувач), Работнички, Карпош Соколи, Фени индустри, Кочани деликатес, Вардар, Гостивар и Амак СП.

Оваа година еден клуб има шанса да биде деветтиот во таа листа. Кошаркарите на Блокотехна вчера во полуфиналето запишаа триумф над Гостивар со 92-87 и се пласираа во финалето што е историско за клубот.
Нивниот противник за вечер е нашиот најтрофеен колектив Работнички кој доколку оствари победа вечер повторно ќе биде најтрофеен и во оваа конкуренција со 10 титули.

Ќе се радуваат ли „ценарци“ на јубилејна титула или пак коорганизаторите на ова 27 издание на државниот Куп, останува да се сведочи денеска во 17:30 во „26 април“. Директниот телевизиски пренос е овозможен од МРТ.