Женскиот кошаркарски клуб Вардар трета година во низа го освои престижниот трофеј во државниот Куп откако во финалниот натпревар од овогодишното издание ги совлада противничките од Бадел 1862 со 40-50.
Двете екипи изедначено се надигруваа во првиот дел од натпреварот, но во вториот дел ланскиот освојувач настапи поагресивно што значеше таложење на доволно висока предност за смирен крај на натпреварот.

За најкорисен играч (MVP) и најдобар стрелец на натпреварот беше прогласена Славица Наков од ЖКК Вардар.