Работнички е првиот клуб кој стана освојувач на десет трофеи од државниот Куп. Клубот од „градскиот парк“ во Скопје триумфира над Блокотехна со 71-85 во рамки на финалето од Куп-натпреварувањето и го освои јубилејниот десетти трофеј.

Кошаркарот на Работнички Чавдар Костов се закити со признанието за најдобар стрелец и за најкорисен играч (MVP).

Македонската кошаркарска федерација им додели и благодарници на кошаркарските клубови Кожув и Блокотехна како и на Општината Гевгелија за особен придонес во организација на завршниот турнир од Купот.