Управниот Одбор при Македонската кошаркарска федерација на седницата одржана на 18. април (четврток) во просториите на МКФ ги донесе следните заклучоци:

  1. Сениорската женска репрезентација да се пријави за следниот циклус на квалификации за европско првенство 2021.
  2. Се усвои предлогот да се закаже изборно собрание на 15 мај 2019 година. Секој член на собранието може да поддржи со кандидатура повеќе кандидати, но при гласање да има право да гласа само за еден кандидат. Докумените за собранието да се испратат до сите членки најдоцна до 30 април 2019 година.
  3. Одлуката за разрешување на Комесарот за натпреварување во сениорски и младински лиги Владо Цветковски беше усвоена без забелешки.
  4. Одлуката за именување ВД Комесар за натпреварување Горан Трпушевски се до изборот на нов Комесар не се усвои поради тоа што не е утврдено со Статутот на МКФ. Во актите на МКФ не постои ВД Комесар за натпреварување. Одлуката се преиначи и Горан Трпушевски се именува во Комесар за натпреварување во сениорски и младински лиги.
  5. Донесен заклучок, по којзнае кој пат да се достави повторно барање до службените лица на натпреварите да не дозволуваат тренери без поседување на лиценци да водат натпревари.
  6. Според предлогот од клубовите, долговите да бидат платени на 4 рати со фиксни датуми кои нема да се менуваат: Прва рата 25% до 30.04.2019, Втора рата 25% до 30.05.2019, Трета рата 25 % до 30.06.2019 и Четврта рата 25% до 30.07.2019. Предлогот беше дополнет да се однесува исто така и за прва лига жени, втора лига мажи и младинските лиги. Обврските кои ќе настанат во следниот период да бидат додадени на последната рата. Доколку клубот не ги плати обврските според дадените фиксни дати истиот ќе биде суспендиран веднаш од понатамошно натпреварување, а доколку не го почитува и последниот рок нема да му се дозволи да пријави екипа во следната натпрварувачка сезона. Обврска на федерацијата е веднаш да ги информира клубовите за начинот на плаќање на ратите и санкциите кои следат доколку тоа не биде испочитувано.