Со 32 индекс поени за ефикасност, базирани на 23 поена, пет скока, четири асистенции и две украдени топки, запишани зад своето име за нешто помалку од 34 минути поминати на теренот за игра, Џозеф Фустингер од Гостивар е најкорисниот играч од второто коло на Супер Лигата. Неговиот Гостивар славеше со минимални два поена (86-84) во суперлигашкиот натпревар против Куманово.

Во рамки на второто коло од Супер лигата славеа и Работнички против Кожув (88-56) и МЗТ Скопје Аеродром против Блокотехна (86-76).

Во Плејаут лигата Пелистер славеше на гости кај АВ Охрид (62-79) во единствениот натпревар кој се одигра в петок додека Фени Индустри го испрати Шкупи дома со пораз (87-58).

Следното коло од двете лиги ќе се одигра за четири дена (среда), а потоа следи пауза од една седмица поради Велигденските празници.

Двојки 3. коло Супер лига
Гостивар – Работнички
Блокотехна – Кожув
Куманово – МЗТ Скопје Аеродром
Двојки 3. коло Плејаут лига
Вардар – Фени Индустри
Пелистер - Шкупи