Кошаркари родени 2001 односно 2002 година тековната натпреварувачка сезона се натпреваруваа во јуниорската возрасна категорија односно во лигата до 18 години. Четири клуба го ’преживеаја’  системот од 21 коло во рамки на регуларниот дел од сезоната, а потоа и плејофот од осум клуба. Јуниорите на Работнички, Партизан Мулти Шпед (2), Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром денес и утре ќе се надигруваат на завршниот турнир во F4 систем.

Работнички ќе ја брани ланската титула против ланскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром додека Партизан Мулти Шпед (2) и Феникс 2010 ќе се надигруваат во второто полуфинале.

Натпреварите од завршниот турнир во оваа возрасна категорија ќе се одиграат во салата „Градски Парк“ во Скопје со почеток во 19:00 часот односно 21:00 часот.

Натпреварот за трето место односно финалето ќе се одиграат утре (17. мај, 2019година) во истите термини.

Распоред на натпревари:
сала Градски Парк, Скопје
16.05.2019 (четврток)
Натпревар 1
19:00h  Партизан Мулти Шпед (2) – Феникс 2010
Натпревар 2
21:00h  МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

17.05.2019 (петок)
19:00h натпревар за трето место; Поразен 1 – Поразен 2
21:00h финале; Победник 1 – Победник 2