Јуниорите на Партизан Мулти Шпед (2) и на МЗТ Скопје Аеродром ќе се надигруваат во финалето во возрасната конкуренција до 18 години откако синоќа во рамки на полуфиналните дуели ги совладаа своите противници.

На завршниот турнир кој се одигрува во скопската сала „Градски Парк“, мразот го скршија Партизан Мулти Шпед (2) и Феникс 2010. Избраниците на Нермин Пепиќ ги надиграа конкурентите на Денис Дервишевиќ и славеа со 77-58. Целосната статистика од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.

Во рамки на второто полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Работнички со 78-69. Целосната статистика од овој натпревар може да се погледне на следниот ЛИНК.

Денеска (17. мај, 2019 година) во натпреварот за трето место ќе се сретнат селекциите на Феникс 2010 и на Работнички. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот во салата „Градски Парк“. Статистика во живо од натпреварот може да се следи на следниот ЛИНК

Финалето помеѓу Партизан Мулти Шпед (2) и МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во 21:00 часот и истиот може да се проследи во живо на следниот ЛИНК додека статистиката е достапна на следниот ЛИНК.