Предноста на домашниот терен и тоа како се исплатеше за младите кошаркари на Дино Баскет кои денес ја освоија шампионската титула во возрасната конкуренција до 14 години. Дино Баскет победи на лицитацијата за организатор на завршниот турнир, па така четирите натпревари (две полуфиналиња, натпревар за трето место и финале) се одиграа во нивната спортска сала „Кирил и Методиј“.

Кошаркарите предводени од Сашо Лазаров ги совладаа противниците од МВП Струмица во полуфиналето со 95-91, а потоа и Работнички кои во полуфинале го надиграа Вардар со 69-92. Во финалето Дино Баскет славеше со 87-75 додека Вардар триумфира над МВП Струмица во натпреварот за трето место со 94-72.

За најкорисен играч на финалето е прогласен младиот играч Петар Ивановски.