Наредната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција МЗТ Скопје Аеродром ќе има два тима откако второлигашкиот состав денеска се избори за пласман во елитната конкуренција.

Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром, предводена од Горан Крстевски, се надигруваше против Академија ФМП во финалната серија од Втората лига. Првиот натпревар, одигран пред три дена го ’добија’ кошаркарите на Игор Гацов, а на денешниот последен натпревар триумфираат момците од Аеродром со 66-77 односно 16-21, 15-25, 26-11 и 9-20 по делници.

Кошаркарите на Академија ФМП имаат уште една шанса за пласман во прволигашката конкуренција преку бараж натпревари против последнопласираниот во Плејаут лигата, Шкупи.