Почнувајќи од денеска, па сè до недела младинците ќе разигруваат на турнир во нашата престолнина Скопје. Кошаркарите кои се дел од националната селекција до 20 години ќе ги нагостат соодветните возрасни репрезентации на Косово, Црна Гора и на Русија в Скопје на пријателски турнир.

Младинците први ги започнаа подготовките, на 1. јуни, а по неколку одржани тренинзи и извршени лекарски прегледи заминаа за Маврово. Во Маврово одиграа пријателски натпревар против врсниците на Косово, а по неколку дена во Скопје одиграа двомеч со репрезентативците на Бугарија. По одигрување на овој турнир, младинците ќе заминат за Унгарија на пријателски натпревари, а потоа ќе разигруваат и со Бугарија пред патувањето за Португалија каде ќе се одигра младинското европско првенство (дивизија Б).

Натпреварите од турнирот во Скопје ќе се одиграат во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Распоред на натпревари
21.06.2019
18:00h
Северна Македонија - Црна Гора
20:15h
Русија - Косово
22.06.2019
18:00h
Косово - Северна Македонија
20:15h
Црна Гора - Русија
23.06.2019
18:00h
Северна Македонија - Русија
20:15h
Црна Гора - Косово