Нешто повеќе од две седмици јуниорите се во активен тренажен процес. Нашите репрезентативни кошаркари до 18 години ова лето ќе се натпреваруваат на Европското првенство за јуниори кое во периодот од 26. јули до 4. август ќе се одржи во Орадеа, Романија.

Јуниорските репрезентативци, предводени од Тони Симиќ и неговите стручни соработници, денеска и утре ќе се надигруваат против соодветната возрасна национална селекција на Полска.
Натпреварите ќе се одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 18:00 часот.

Неколку дена по натпреварите против Полска јуниорите ќе заминат за Црна Гора каде ќе одиграат пријателски двомеч, а потоа и во Бугарија на уште два пријателски натпревари. Кон средината на месец јули јуниорите ќе се натпреваруваат на турнир во Скопје пред да заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир. Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).

СТАТИСТИКА ВО ЖИВО

Натпревар 1
Натпревар 2