Дванаесет екипи за натпреварувачката сезона 2019/2020 ќе се надигруваат во дваесет и две кола кое ќе ги води до финалното разигрување и шампионскиот трофеј во Првата лига во женска сениорска конкуренција.

Вардарки ќе ја бранат првата историска шампионска титула освоена минатата натпреварувачка сезона против Бадел 1862, Баскет Кам, Гостивар 2009, Крива Паланка, Пантери, Патриот 2016, Пробаскет Академија, Струга 2009, Студент Академија, Трокал и против Шкупи.

Три натпревари од вкупно шест ќе бидат одиграни претстојниот викенд во рамки на првото коло. Сите се закажани за в сабота – 19.10.2019.
Кошаркарките на Пробаскет Академија и Гостивар 2009 ќе го скршат мразот со меѓусебниот дуел закажан за во 13:00 часот. Два часа подоцна актуелниот шампион Вардар ќе се пресмета со Трокал на гостински терен додека в недела баделки ќе го нагостат тимот на Крива Паланка со почеток во 16:00 часот.

Двојки прво коло ПЛЖ 2019/2020
Баскет Кам – Студент Академија
Патриот 2016 – Шкупи
Трокал – Вардар
Пробаскет Академија – Гостивар 2009
Пантери – Струга 2009
Бадел 1862 – Крива Паланка