Здружението на кошаркарски тренери при Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги потсетува сите клубови кои учествуваат во лигите на КФСМ да ги намират долговите за тренерските лиценци за сезона 2019/2020. Се додека не се исплатат обврските, тренерите нема да бидат додадени на листите издадени од Регистрациска комисија.

Тренерските лиценци се добиваат со пријава и одобрување од страна на Здружението на кошаркарски тренери, и тоа:

Ц лиценца за Младинска екипа = 3.000 денари
Б лиценца за Втора лига мажи = 4.000 денари
Б лиценца за Прва лига жени = 4.000 денари
А лиценца за Прва лига мажи = 6.000 денари

Странски тренер = денарска противредност на 2000 евра

Средствата се уплаќаат на сметката на ЗКТ Скопје
Комерцијална Банка ад Скопје 300 000 003 184 643

Цел на дознака: тренерска лиценца за ... (име на тренерот)
 

Пријавите треба да се испратат на емаил: contact@basketball.org.mk

По одобрување од ЗКТ Скопје ќе биде доставена фактура која теба да се плати пред почеток на соодветната лига.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Годишната членарина во износ од 1.200 денари тренерите ги плаќаат на сметка:

ЗКТ Скопје

300 000 003 184 643 Комерцијална Банка ад Скопје

Цел на дознака: тренерска членарина за ... (име на тренерот)