Кошаркарите на Фени индустри ја запишаа првата победа на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Македонија со 112-69 против АВ Охрид кој е новајлија во ова натпреварување.

Љупчо Малинков, тренер Фени индустри

- Одигравме еден одличен натпревар на високо ниво. Дадовме 112 коша и мислам дека одлично одигравме, како во нападот така и во одбраната. Шутевите треба да ги подобриме, но за тоа ќе размислуваме понатаму.  Полуфиналето не е мала работа. Двете екипи кои можат да ни бидат противници се одлични, но мислам дека со еден добар скаутинг можеме да очекувам добра игра како оваа денес

Бобан Стајиќ, играч Фени индустри

- Како прв натпревар сметам дека се покажавме одлично. Победивме со огромна разлика и притоа успеавме да ги заштедиме клучните играчи. Нашиот фокус уште од пред почетокот беше полуфинале со МЗТ Скопје или со Кожув. Го очекуваме шампионот, но не се плашиме од предизвикот. Ја подигнавме тимската хемија со победата, огромната разлика сигурно придонесува и за поголема самодоверба. Ќе го анализиравме противникот и одиме на победа

Петар Чочороски, тренер АВ Охрид

- Уште кога го добивме Фени индустри како противник во ждрепката знаевме дека тие ќе бида апсолутни фаворити. Ние имаме некои пермутации во клубот. Четворица нè напуштија во пресрет на Купот и имаме ден нов од кој сум презадоволен, а се надевам дека во иднина ќе донесеме и една ’петка’ со која ќе го затвориме рекетот. Натпреварот покажа дека квалитетот преовладува кај Фени.

Бранко Јанески, капитен АВ Охрид

- Фени индустри беа подобри во овој натпревар и сакам да им ја честитам победата, но овој резултат не е реалната слика за нашиот клуб. Тие имаа свој ден, ние немавме, но што е тука е. Ова за нас е прв Куп и се надевам дека во иднина ќе имаме подобри резултати.