МЗТ Скопје Аеродром го совлада Кожув со 83-72 и се доближи поблиску до одбрана на Куп-титулата освоена минатата година.

Анте Назор, тренер МЗТ Скопје Аеродром

- Ова беше тежок натпревар кој, за наша среќа, го контролиравме од самиот почеток и сакам да им се заблагодарам на моите играчи за прикажаната игра. Им честитам и на противниците за агресивната игра и издржаната борба. Мислам дека публиката имаше што да види и жал ми е што не дојде во поголем број. Прерано дојдовме до големо водство ималку се опуштивме. По големата разлика противникот се врати особено во фазата на офанзивниот скок. Ни требаа некои промени особено во нападот кои ги направивме во вториот дел. Покажавме срце, карактер и дека кога не сме толку добри можеме натпреварот -рутински да го завршиме. Купот е такво натпреварување. Доста често се случува фаворитот да загуби и поради тоа мораме да бидеме што повеќе внимателни и фокусирани, но и поборбени за утрешниот натпревар. Ќе видиме дали Клоф ќе може да ни помогне, има болка во рмаото која ја доби при една блокада, но засега ништо не можеме да знаеме.

Ѓорѓе Дреновац, играч МЗТ Скопје Аеродром

- Знаевме дека Купот е еден меч и се зависи од моменталното расположение. Знаевме и дека мора да дадеме максимум што и го сторивме. Одработивме една третина од работата по која што сме дојдени овде, сега ни претстои кратка пауза и подготовка за уште еден тежок меч, утре против Фени Индустри во кој се надевам ќе победиме.

Игор Михајловски, тренер Кожув

- На почетокот и на прес-конференцијата кажав дека МЗТ Скопје е голем фаворит. Ние три четвртини ’добивме’, барем така кажува статистиката. Игравме во егал во тие три периоди, освен во првата четвртина каде можам да кажам дека МЗТ го доби натпреварот. Разликата беше голема и тоа беше голем проблем за нас. Смогнавме сили, но бевме импресионирани и потфрливме. МЗТ докажа дека е поискусна и поквалитетна екипа.

Миливоје Мијовиќ, играч Кожув

Мислам дека првата четвртина го реши победникот. МЗТ отвори со 15-0, потоа ние ги стигнавме, но потрошивме многу енергија во таа ира. На крајот имавме два-три напади со кои можвме и да го преземеме водството, но некои шутеви не завршија каде што требаше. Тие одново ја вратија предноста во своја корист. Дадовме сe од себe, но не можевме да ги стигнеме тие седум-осум поени разлика. Тие докажаа дека АБА лигата направи искусен состав од нив кој сметам дека е еден од најсилните во првенството. Следи Суперлигата каде ќе се обидеме да покажеме што подобар отпор, па можеби и да победиме на домашен терен.