Репрезентативните обврски започнуваат и за кошаркарите родени 1999 односно 2000 година (М18). Вкупно 32 млади кошаркари се повикани да се појават на првиот селективен тренинг, претстојниот викенд, в недела (12. март) со почеток во 17:00 часот односно 18:30 часот во „Кале“ (мала сала).

Двојно помалку (16) кошаркари ќе бидат одбрани за да настапат на Европското првенство (Дивизија Б) кое оваа година ќе се одржи во Талин, Естонија во периодот од28. јули до 6. август. Репрезентативците ќе бидат водени од Ѓорѓи Кочов додека улогата на помошен тренер ќе ја има Атанас Димов. Бранко Андриевски ќе биде ментор на селекцијата до 18 години.

РАСПОРЕД ПО ГРУПИ ЗА ПРВ СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ

Група 1 - од 17:00 до 18:30

  1. Бојан Јовановски – МЗТ С.А.
  2. Лука Стојановски – Феникс 2010
  3. Андреј Јордановски – Работнички
  4. Роберт Стојанов – Вардар
  5. Филип Ѓорески – Вардар
  6. Миле Станимировиќ – Јуниор Ск.
  7. Никола Шопов – Вардар
  8. Ваљмир Какруки – Шкупи
  9. Томи Панов – Кожув
  10. Јосиф Наумовски – Феникс 2010
  11. Андреј Настевски – МЗТ С.А.
  12. Благој Димитриев – Феникс 2010
  13. Мартин Георгиевски – Пинк Пантери
  14. Славчо Темелковски – Работнички
  15. Марко Анастасов – Работнички
  16. Дамјан Крстевски – Работнички

 

Група 2 – од 18:30 до 20:00

  1. Ѓорѓи Милошевски – Вардар
  2. Енис Реџеп – Шкупи
  3. Добре Нисов – Феникс 2010
  4. Глигор Атанасов – Фени
  5. Ангелчо Стефанов – Фени
  6. Дамјан Миса – МЗТ С.А.
  7. Бојан Лазаревски – МЗТ С.А.
  8. Никола Крстиќ – Работнички
  9. Александар Тодоровски – Баскет кам
  10. Максим Митевски – Работнички
  11. Андреја Деолски – Работнички
  12. Андреј Данилов – Феникс 2010
  13. Кире Доневски – Плејмејкер
  14. Дамјан Ѓорѓиевски – Феникс 2010
  15. Борјан Стојановски – Плејмејкер
  16. Антонио Ѓорѓиевски – Работнички