Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа ждреб за одредување на двете групи од по четири екипи кои ја прифатија поканата на МКФ за да учествуваат на турнирот за девојчиња до 14 години. Екипите на Бадел 1862, Пелистер, Баскет Кам, Струга 2009, Клубски Патриот, Гостивар, МВП Баскет и Шкупи.

Составот на групите А и Б е одреден по пат на ждрепка која ја извршија ком есарот за натпреварување Владо Цветковски и тренерот на МВП Баскет Срѓан Дамњановски. Со самото извлекување, екипите ги добија своите натпреварувачки броеви од еден до четири. Натпреварите ќе бидат одиграни по систем 1-4 односно 2-3. По одигрување на двата полуфинални натпревари, победниците и поразените екипи меѓу себе ќе одиграат дополнителен натпревар. По одигрување на натпреварите од групите, екипите ќе добијат пласман од 1-4. Првопласираната група од групата А во полуфиналето ќе разигрува со второпласираната од групата Б. Идентично, првоплсаираната екипа од групата Б ќе разигрува против второпласираната од групата А. Поразените екипи ќе одиграат и натпревар за трето место.

Турнирот ќе биде одржан викендот 18. и 19. март, а натпреварите ќе бидат одиграни во спортската сала „Шабан Трстена“.

ГРУПА А
1. Струга 2009
2. Баскет Кам
3. Клубски Патриот
4. Бадел 1862

ГРУПА Б
1. МВП Баскет
2. Шкупи
3. Гостивар
4. Пелистер