Вкупно осум екипи ја поздравија иницијативата на Македонската кошаркарска федерација за организирање на турнир за девојчиња до 14 години. Екипите на Струга, Баскет Кам, Трокал и Бадел 1862 односно МВП Скопје, Шкупи, Гостивар и Пелистер се екипите кои наредниот викенд (18.-19. март) ќе земат учество на првиот турнир за девојчиња родени 2003 година.

Младите кошаркарки на Шкупи и Гостивар ќе ја имаат честа да го отворат првиот ден од турнирот со меѓусебен дуел во 10:30 часот во спортската сала „Шабан Трстена“ во населбата Чаир. Баскет Кам и Трокал ќе се пресметаат во вториот термин - 11:45, МВП Скопје и Пелистер ќе излезат на паркетот во 13:00 часот додека првиот дел од турнирот ќе го заокружат Струга 2009 и Бадел 1862 во 14:15 часот.

Натпреварите ќе се одиграат во четири четвртини кои ќе траат по осум минути додека паузата помеѓу полувремињата ќе бидат 10 минути.