Кошаркарките на Бадел 1862 иако останаа без голем дел од засилувањата во зимскиот период уште еднаш покажаа зошто се на врвот во женската кошарка. Мотивирани од самиот почеток, избраничките на Перо Стамески си дозволија мирен старт на почетокот на натпреварот, а потоа ’земаа залет’ и со одлична серија на почетокот на третиот период си закажаа ново финале во државниот Куп.

Само пет кошаркарки му беа доволни на актуелниот шампион во женска конкуренција за да запише уште една победа. Предводени од Нена Трајчевска која беше и најефикасен поентер на клубот со 23 поени и осум скокови, „баделки“ победија со 63-47 односно 16-12, 15-8, 25-10 и 7-17 по делници. Кошаркарите на Кожувчанка имаа сила за само едно полувреме, а брзата игра на противникот во вториот дел од натпреварот беше пресудна за финалниот исход.

Стрелци на натпреварот:
Бадел 1862: Нена Трајчевска (23), Ивона Пејковска (14 поени), Андријана Лескароска (10 поени)
МНА Кожувчанка:Ванеса Василевска (11 поени),Славица Наков (11 поени)