Пред речиси две седмици беа назначени селекторите на сите младински селекции, а утринава Денис Дервишевиќ, заедно со Марјан Ѓуров и Благоја Кечовски повторни ги скенираа младие кошаркари. Дервишевиќ, заедно со своите помошници оваа година ќе ја предводи генерацијата на кошаркари родени 2003 година на турнирот „Словенија Бол“ во Словењ Градец. Турнирот е закажан за крајот на август (24. – 27.), а стручниот штаб на репрезентацијата М14 веќе одржа два селективни тренинзи, сè цел да се одберат најдобрите 16 од оваа генерација кои ќе отпатуваат во Словенија.

„Нашата цел и воедно на секоја наредна генерација ќе биде да одбереме 30 до 40 перспективни кошаркари кои ќе бидат иднината и перспективата за македонската кошарка во наредниот период. Првиот собир беше со 105 дечиња, а денес имавме точно 48 и следно е да одбереме 35 кои понатака ќе бидат во потесен круг за турнирот во Словенија. Како за мене така и за тренерите предност имаат перспективните деца кои за периодот од две години додека почне нивното прво Европско првенство ќе имаат простор за работа и ќе ги даваат посакуваните резултати“ – се впечатоците на менторот на младите кошаркари, Благоја Кечовски.

Сите фотографии од денешниот селективен тренинг можете да ги погледнете на следниот линк.

Наредниот селективен тренинг ќе биде одржан кон крајот на месец март.