Националната селекција до 18 години пред неколку дена го одработи првиот селективен тренинг.  Селекторското трио, во состав - селектор Ѓорѓи Кочов, помошник тренер Атанас Димов и ментор Бранко Андриевски имаше шанса да ги скенира младите кошаркари кои ова лето ќе настапат на континенталното првенство што од 29. јули до 6. август ќе се одржи во Талин, Естонија. Стручниот штаб беше задоволен од текот на првиот селективен тренинг, а подготовките продолжуваат со полна пареа. Претстојната недела, (19. март) во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) ќе биде одржан и вториот селективен тренинг на оваа возрасна категорија. Како и на минатиот тренинг, јуниорите ќе бидат поделени во две групи.

РАСПОРЕД ПО ГРУПИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ М18 МАЖИ

Прва група  17:00 – 18:30 час

  1. Бојан Јовановски – КК МЗТ С.А.
  2. Лука Стојановски – КК Феникс 2010
  3. Андреј Јордановски – КК Работнички
  4. Роберт Стојанов – КК Вардар
  5. Филип Ѓорески – КК Вардар
  6. Миле Станимировиќ – КК Јуниор Ск.
  7. Никола Шопов – КК Вардар
  8. Валмир Какруки – КК Шкупи
  9. Томи Петров – КК Кожув
  10. Јофиф Наумовски – КК Феникс 2010
  11. Андреј Настевски – КК МЗТ С.А.
  12. Благој Димитриев – КК Феникс 2010
  13. Мартин Георгиевски – КК Пинк Пантери
  14. Славчо Темелковски – КК Работнички
  15. Марко Анастасов – КК Работнички
  16. Дамјан Крстевски – КК Работнички

 

Втора група 18:30 – 20:00

  1. Ѓорѓи Милошевски – КК Вардар
  2. Енис Реџеп – КК Шкупи
  3. Добре Нисов – КК Феникс 2010
  4. Глигор Атанасов – КК Фени индустри
  5. Ангелчо Стефанов – КК Фени индустри
  6. Дамјан Миса – КК МЗТ С.А.
  7. Бојан Лазаревски – КК МЗТ С.А.
  8. Никола Крстиќ – КК Работнички
  9. Александар Тодоровски – КК Баскет Кам
  10. Максим Митевски – КК Работнички
  11. Андреја Деолски – КК Работнички
  12. Андреј Данилов – КК Феникс 2010
  13. Кире Доневски – КК Плејмејкер
  14. Дамјан Ѓорѓиевски – КК Феникс 2010
  15. Борјан Стојановски – КК Плејмејкер
  16. Антонио Ѓорѓиевски – КК Работнички