Пелистер пружи отпор, но на крајот Вардар славеше со 67-46 и си закажа финале против шампионот Бадел 1862.

Бранко Андриевски, тренер Вардар

- Со оглед на тоа дека ова за нас е деби-настап во Купот не можам, а да не бидам задоволен од исходот. На почетокот ни требаше малку време да влеземе во ритам, но потоа сè се одвиваше како што посакувавме и се договаравме пред натпреварот. Веќе испишавме клупска историја, така да сè понатаму би било огромен успех за нас.

Горјанчо Стојановски, тренер Пелистер

- Одлично го започнавме натпреварот, но потоа главните играчи се уморија и тоа беше сè што можевме да направиме со ограничена ротација. Ние сме млад тим, двете најискусни кошаркарки имаат по 22 години. Сите други се младинки до 12 години и не можам да ги користам во ротација. Ова за нас е ново искуство бидејќи првпат играме и во Првата лига.