Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) д-р Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ (YouTube канал ) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска).

Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ сè со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот.

Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека со оваа наградена блиска соработка ќе се зголеми вредноста на заедничките напори за подобрување на перформансите и резултатите на нашите најдобри кошаркари и кошаркарки, во сите возрасни категории.

Македонскиот олимписки комитет веќе изврши пренос на неколку кошаркарски натпревари, а следен пренос на МОК ТВ е натпреварот меѓу КК Работнички и КК Кожув од четвртото коло на Супер лигата (сабота, 1. Април, со почеток во 18:00 часот).