Селекторското трио во состав Горан Ѓорѓиевски, Никола Божиноски и Горан Даниловски кое ова лето ќе го предводи националниот состав до 16 години го скрати списокот на повикани кошаркари за вториот селективен тренинг. Кадетите први ги започнаа активностите оваа календарска година, со пријателски меѓународен турнир во Истанбул, а пред две седмици го одработија и првиот селективен тренинг. За вториот селективен тренинг, селекторското трио повика 27 млади кошаркари.

Селективниот тренинг ќе се одржи на 9. април (недела) во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“), а кошаркарите ќе бидат поделени во две различни групи.

Играчите се должни со себе да понесат опрема за тренинг и да бидат подготвени за истиот 30 минути пред почеток.

Повикани кошаркари за тренинг М16 – Прва група 17.00 – 18.30

  1. Ангел Јанев – Феникс 2010
  2. Адријан Наумоски – Вардар
  3. Дарио Митевски – МЗТ С.А.
  4. Дамјан Бошковски –Србија
  5. Суад Карталовиќ – Борец Баскет Велес
  6. Лука Наумоски – Вардар
  7. Никола Орлов – Баскет Кам
  8. Виктор Исајловски – Феникс 2010
  9. Лејсон Зекири – Вардар
  10. Давид Глигориевски – Вардар
  11. Лука Савичевиќ – Вардар
  12. Марко Миловановиќ – Водно санс
  13. Кире Блажевски – Баскет Кам
  14. Андреј Јакимовски – Италија
  15. Андреј Анџелковиќ – Работнички

Повикани кошаркари за тренинг М16 – Втора група 18.30 – 20.00

  1. Мартин Анчевски – Вардар
  2. Ѓорѓе Станковиќ – Вардар
  3. Ѓоре Ѓоревски – Борец Баскет Велес
  4. Виктор Златевски – Водно санс
  5. Вања Вренцовски – Водно санс
  6. Борјан Червенка – Квиско баскет
  7. Андреј Алаџајков – Работнички
  8. Никола Христов – Ролинг
  9. Дамјан Теодосиев – Баскет Кам
  10. Лука Јованов – Вардар
  11. Венцислав Козар – Феникс 2010
  12. Борјан Обедниковски - Пелистер