Македонската кошаркарска федерација сака јавно да изрази огромна благодарност до дел од официјалните лица кои беа делегирани на натпреварите од претпоследното коло во Прва лига мажи (Супер лига и Плејаут лига) и М20 лига (мажи) кои ја поздравија иницијативата на Судиската комисија при МКФ и одлучија делумно или целосно да го донираат својот хонорар за лекување на Стеван Гешоски.


Се надеваме дека во иднина и останатите официјални лица ќе го следат нивниот хуман гест.

СУДИИ:

Алија Феревски
Иван Мијалковски
Боро Антовски
Благоја Лазов
Владимир Михајловиќ
Сашо Стојчевски
Горан Бошковски
Стојан Митев
Мартин Петровиќ
Драге Мицковски
Ангел Огненов
Дејан Дојчиновски

ДЕЛЕГАТИ:

Илија Божиновски
Сречко Хорват