Вторпат за оваа натпреварувачка сезона, за последен пат како дел од прволигашкото друштво, кошаркарите на Вардар го совладаа АВ Охрид. Со оглед на тоа дека судбината на двете екипи е веќе извесна, натпреварот беше одигран во поопуштена атмосфера. Домаќините дадоа сè од себе за да докажат дека не залудно беа дел од Првата лига оваа сезона и од почетокот на средбата го диктираа темпото на игра. Гостинскиот состав беше во водство во два наврати и тоа само во првиот период (4-7 и 10-12), а потоа постојано заостануваше резултатски.

Во финишот, Вардар беше поуспешен со конечни 86-78 односно 29-18, 16-12, 16-14 и 25-34 по делници.

Стрелци на натпреварот
Вардар: Адекунле (24 поени), Ивановиќ (22), Калов (14), Лазаревски 910)
АВ Охрид: Брукс (21 поен, 10 скокови), Милојевиќ (24)