В недела (23. април, 2017 година) Јанко Луковски заедно со претседателот на стручниот совет Марјан Лазовски ќе одржат демонстративни тренинзи за создавање на единствен стил на игра на младинските национални селекции (М14, М16, М18 и М20) .

Присуството на сите селектори, како и членовите на стручните штабови (и кондициските тренери) е задолжително!

На тренинзите, покрај Марјан Лазовски и Јанко Луковски ќе присуствува и претседателот на Здружението на кошаркарски тренери, Драган Василов – Цевка.

Тренинзите ќе бидат одржани во два термина во спортската сала на Вардар (Мала сала „Кале“). Првиот ќе започне во 10:00 часот, а ќе заврши во 12 часот и 30 минути додека вториот термин е од 15:00 часот до 17 часот и 30 минути.

Како демонстратори се повикани следните кошаркари:

 

  1. Андреј Јордановски (Работнички)
  2. Мартин Трсунов (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Лука Стојановски (Феникс)
  4. Томи Петров (Кожув)
  5. Миле Станимировиќ (Јуниор)
  6. Славчо Темелковски (Работнички)
  7. Роберт Стојанов (Вардар)
  8. Благој Димитриев (Феникс)
  9. Мартин Ѓорѓиевски (Пинк Пантери)
  10. Јосиф Наумовски (Феникс)
  11. Филип Ѓорески (Вардар)
  12. Дамјан Крстевски  (Работнички)
  13. Никола Шопов (Вардар)
  14. Мартин Атанасов (Работнички)
  15. Валмир Какруки (Шкупи)

НАПОМЕНА!
Селекторите на СИТЕ младински селекции мора да достават програма за работа најдоцна до 23. април!