Она што се чинеше како невозможна мисија за Струмица пред почетокот на вториот дел од сезоната – опстанок во Првата лига, ако се земеа предвид промените на челото на клубот, сепак се покажа како ’ситна боранија’ за клубот. Кошаркарите на Струмица успеаја да го заверат првото место на табелата во Плејаут лигата и со тоа да го задржат прволигашкиот статус и за наредната натпреварувачка сезона.

Во последниот свој натпревар во рамки на домашното првенство за оваа сезона, Струмица загуби на гости кај Пелистер со 73-68 односно 24-18, 20-23, 10-20 и 19-7 по делници

Фил и Талевски од домашниот состав функционираа беспрекорно на паркетот во салата „Младост“ во Битола во поголемиот дел од првото полувреме. Домаќините имаа удобно водство од осум поени (42-34) кое расположените шутери од гостинскиот состав го намалија на 44-41, резултат со кој се замина на паузата. Кошаркарите од Струмица ги послушаа советите на Перо Настев и во третиот период фуриозно го преземаа водството, но не го задржаа за долго. Домаќинот брзо одговори преку Андрејевиќ и Голубовиќ кој беше доволно искусен за да изнуди слободни фрлања со кои Пелистер ја осигура победата.

Стрелци на натпреварот
Пелистер: Фил (18 поени), Голубовиќ (13), Андрејевиќ (20)
Струмица: Јокиќ (17 поени), Богоев (14), Брчков (19поени и 13 скокови)