Македонската кошаркарска федерација продолжува да биде транспарентна во врска со случувањата околу првенствата во сите возрасни категории поради што е причината за објавување на ова известување кое беше испратено до сите клубови кои се натпреваруваат во младинските лиги. Имено, во текот на последниот месец од натпреварувањето во младинските лиги и во машка и во женска конкуренција, како канцеларија на МКФ и МКК се соочуваме со голем број на неправилности во примената на Пропозициите за натпреварување според актите на МКФ и на МКК од страна на клубовите од типот на:

  1. Недоставување на термини од страна на домаќинот на натпреварот.
  2. Одложување на натпревар од редовно коло и не одигрување на истиот до наредното коло.
  3. Ненавремено откажување на натпревар од редовно коло поради учество на меѓународен турнир и непријавување на учество на таков турнир во МКФ и МКК.
  4. Организација на меѓународен турнир во Р. Македонија, без знаење на МКФ и МКК и нарушување на Календарот и Системот за натпреварување за млади категории.
  5. Откажување на официјални лица (судии и делегати) поради учество на турнири, без дозвола на СК на МКФ

Поради горенаведеното, кое воопшто не е новина оваа сезона, Македонската кошаркарска федерација како и МКК во целост ќе ги спроведат Пропозициите за натпреварување во младинските лиги и ќе ги применуваат актите на МКФ и на МКК меѓу кои и Дисциплинскиот Правилник.