Во своите 20 години постоење, екипата на Карпош соколи ја освои својата прва титула и тоа во државниот Куп откако во финалето го совлада тимот на Фени индустри со 80-69.

Драган Николиќ, тренер Карпош соколи

- Сакам да им честитам на Фени индустри за одличната гира во изминатиот викенд бидејќи успеаја да одиграат одлично против два силни, ’абалигашки’ тимови. Го исфрлија најголемиот фаворит на овој турнир и ни пружија и повеќе од достоен отпор. Верувам дека Фени индустри повторно ќе биде трофеен клуб бидејќи ја има поддршката од еден град кој многу ја сака кошарката, дал големи кошаркарски имиња, а го води еден искусен тренер пред кој има светла иднина. Добро е што Македонија доби уште еден трофеен клуб, се надевам дека прогресот на Карпош соколи ќе се префрли и во Јадранската лига, но и во Суперлгиата каде верувам дека ќе имаме една од најинтересните сезони досега. Знаевме дека на овој натпревар не смееме да им дозволиме да ги погодат тие тројки кои вообичаено ги погодуваат. Мислам дека не пресуди подолгата клупа, туку квалитетот на неколку играчи.

Драган Лабовиќ, играч Карпош соколи

- Честитки за Фени за одличната игра и за одличната организација. Беа голем противник и до последата четвртина се броеа жестоко. Што се однесува до нашиот тим, ова е прв трофеј во купот, засега првата цел е исполнета, мене ми е големо задоволство што сум дел од овој тим. Одиме чекор по чекор, следна е опстанок во АБА лигата а ќе одиме и по тројфејот во македонскиот шампионат. Фени се истроши многу по полуфиналето со МЗТ скопје, ние го искоритивме тоа на најдобар можен начин. Синоќа тие се потрошија не само физички туку и психички. Знаевме дека Фени важи за шутерска екипа, но во првиот дел ние иако направивме предност од 9 поени, тие ја стигнаа за минута и пол. Сепак во вториот дел ја стегнавме одбраната бидејќи знаевме дека најголемата опасност доаѓа од шутот за три поени. 

Љупчо Малинков, тренер Фени индустри

- Имавме големи падови во текот на играта, а концентрацијата која ни падна во последните десет минути беше клучен фактор. Ризикувавме во сите моменти, но можеби уморот како и еуфоријата на младите играчи кои немаат играно пред толку публика. Оваа екипа има голем напредок и мислам дека може да игра на многу повисоко ниво.

Кирил Николовски, капитен Фени индустри

- Ни недостасуваше многу повеќе квалитет. Вчера игравме тежок натпревар против МЗТ Скопје и многу повеќе се истрошивме. Имаме и пократка клупа и дефинитивно нè стигна заморот. Успех е ова за нас бидејќи никој и не го очекуваше пласманот во финалето. Искуството беше на нивната страна. Погодија тројки и имаа офанзивни скокови кога им требаше најмногу. Сега мораме да направиме доабр скаутинг и да продолжиме понатаму