Со цел што подобро да бидат совладани техниките на играта, а и да се создаде единствен стил на игра. Марјан Лазовски, Јанко Луковски и Драган Василов - Цевка одржаа демонстративен тренинг.

Јанко Луковски беше одговорен за демонстрирање на техниките во одбраната кои репрезентативците мораат да ги совладаат како би поставиле одличен темел за игра.

„Добра одбрана без индивидуална одговорност кај играчот - не постои. Играчите кои сакаат да бидат дел од репрезентацијата мораат да работат на одбраната бидејќи само со добра одбрана може да се создадат услови за игра односно за следна акција - напад. Без квалитетна и агресивна одбрана, нам ќе ни падне целиот систем“ - постојано Луковски ги потсетуваше играчите кои ги демонстрираа техниките како и селекторите кои беа присутни на тренингот.

Видео од тренингот може да погледнете на следниот линк.