Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да го повлече учеството на националниот состав до 20 години од овогодишното Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 14. јули до 23. јули ќе се одржи во Орадеа, Романија.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше во групата Ц, заедно со нашата репрезентација, Грузија, Албанија и Романија. Поради намалување на бројот на репрезентации во групата кои ќе земат учество на овој континентален собир, ФИБА одлучи да го промени распоредот и од групата А, која дотогаш ја сочинуваа шест репрезентации, да ја префрли репрезентацијата на Малта во групата Ц.

Првиот натпревар на ова Европско првенство (Дивизија Б) македонската репрезентација до 20 години ќе го одигра на 15. јули против соодветната селекција на Албанија.